Ahmet Dursun
11 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 во Иран починаа 125 лица, со што вкупниот број на смртни случаи е зголемен на 4.357, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, во изјавата за државната телевизија наведе дека во последните 24 часа во земјата се починати 125 лица, а регистрирани се 1.837 новозаразени лица.
Џиханпур истакна дека вкупниот број на починати е зголемен на 4.357, а бројот на заразени на 70.029.
Тој нагласи дека во болниците 3.987 лица се во критична состојба.
Портпаролот на Министерството за здравство, исто така, посочи дека од вчера до денес се излекувале 6.482 лица, со што вкупниот број на излекувани е зголемен на 41.947.
Тој додаде дека досега во земјата на Ковид-19 се тестирани 251.703 лица.