Elena Teslova
11 Април 2020•Ажурирај: 12 Април 2020
МОСКВА (АА) - Русија денес извести за понатамошен раст на случаите со коронавирус и дека во изминатите 24 часа регистрирани се 1.667 лица позитивни на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупниот број на пациенти се искачи на 13.584 во 82 региони во земјата“, се вели во соопштението на Тимот за вонредна состојба.
Со 12 смртни случаи регистрирани вчера, вкупниот број на починати во земјата се искачи на 106.
Во изминатите 24 часа од болница се отпуштени 250 излекувани лица, а вкупно над 1.000 лица се излекувани од појавата на вирусот во Русија.
Најголем дел од луѓето заразени со вирусот покажуваат благи симптоми, но може да биде особено смртоносен за лица со постоечки хронични болести како дијабетес, висок притисок, срцеви заболувања и астма.
Вирусот се појави во кинескиот град Вухан во декември, и се прошири во 200 земји и региони за четири месеци.
Од Ковид-19 во светот досега починаа речиси 103.000 луѓе, а заразени се околу 1,69 милиони. Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, во светот досега се излекувани околу 377.000 пациенти.