Zehra Nur Düz
23 Ноември 2020•Ажурирај: 24 Ноември 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Иран денес потврди уште 453 смртни случаи предизвикани од коронавирусот, со што бројот на починати во земјата е зголемен на 25.255, соопшти иранското Министерството за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатите 24 часа дијагностицирани се 12.460 новозаразени со вирусот, зголемувајќи го вкупниот број на досега откриени случаи на 866.821, изјави портпаролката на Министерството, Сима Садат Лари.
Таа додаде дека од почетокот на епидемијата во земјата излекувани се вкупно 610.406 пациенти, додека 5.812 се во критична состојба.
Лари предупреди дека сите 31 покраина во земјата се класифицирани како црвени зони со висок ризик на трансмисија на коронавирусот.
Заменик-министерот за здравство на Иран, Реза Малекзаде, во петокот поднесе оставка поради зголемениот број нови случаи на коронавирусот во земјата, јавија локалните медиуми.
Малекзаде го обвини министерот за здравство, Саид Намаки, за лошо менаџирање со епидемијата и големиот број смртни случаи, објави полудржавната новинска агенција ИСНА.
Иран се бори да го сопре ширењето на вирусот од февруари, кога беа потврдени првите случаи во градот Ком.