Ali Cura
23 Ноември 2020•Ажурирај: 24 Ноември 2020
БАКУ (АА) - Ерменците кои не можеа навреме да ги напуштат териториите кои ги окупираа, во согласност со склучениот договор по операциите на Азербејџан, кренаа бело знаме и побараа дополнително време од азербејџанските војници за да ги напуштат териториите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според договорот со кој се стави крај на конфликтите во Нагорно Карабах, ерменските цивили и војници продолжуваат да ги напуштаат териториите на Азербејџан.
Ерменците, кои мораа да ги напуштат териториите кои ги окупираа, во согласност со постигнатиот договор меѓу Азербејџан и Ерменија, ги запалија куќите, јавните објекти и шумите од каде што се евакуираат. Сето тоа беше покажано преку снимки.
И покрај тоа, азербејџанските војници го толерираа превозот на ерменски цивили кои не можеа навремено да го напуштат регионот.
На снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како ерменски цивили кои не биле во можност да се евакуираат навреме од областа што мораа да ја напуштат, кренаа бело знаме и од азербејџанските војници побараа дополнително време.
Азербејџанските војници беа толерантни кон ерменските цивили, кои своите работи ги товареа на камионот во близина на нивната куќа.
Успехот на азербејџанската Армија во операцијата за ослободување на своите територии во Нагорно Карабах, која започна на 27 септември, ја принуди Ерменија да потпише прекин на огнот на 10 ноември.
Ерменските вооружени сили, во согласност со примирјето од Агдам, се повлекоа на 20 ноември.
Бидејќи Ерменија не можеше да го евакуира Келбеџер до 15 ноември, побара дополнителни 10 дена и вети дека на 25 ноември ќе ги предаде териториите што ги окупираше.
Ерменија, исто така, ќе го врати и Лачин на Азербејџан до 1 декември.