Barış Seçkin
29 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
РИМ (АА) – Во Италија, во изминатите 24 часа, регистрирани се 323 нови починати од Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата изнесува 27.682, јавува Агенција Анадолија (АА).
Одделот за цивилна заштита на Италија ги објави последните податоци за коронавирусот Ковид-19 во земјата.
Според нив, вкупниот број на заразени со Ковид-19 во земјата се зголеми на 203.591.
Во последните 24 часа излекувани се 2.311 пациенти, со што вкупната бројка на излекувани лица во земјата е зголемена на 71.252.
Бројот на починати од Ковид-19 се зголеми за 323 во последните 24 часа, достигнувајќи ја бројката од 27.682.
Падот на бројот на пациенти кои се наоѓаат во интензивна нега продолжи и денес. Вчера бројот на пациенти на интензивна нега беше 1.863, додека денес се намали на 1.795.
Соопштено е дека до сега во целата земја направени се вкупно 1.910.761 теста за Ковид-19.
Од друга страна, заменик-министерот за здравство, Пиерпаоло Силери, рече дека единиците на жандармеријата извршиле проверки во околу 600 центри во рамките на истрагите за големиот број смртни случаи во старечките домови. Силери информираше дека како резултат на проверките, откриени се нерегуларности во старечките домови.