Barış Seçkin
25 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
РИМ (АА) - Во Италија денес се одбележува 71.годишнина од ослободувањето од фашизмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Италија е ослободена од фашизмот на 25-ти април 1945 година и тој ден во таа земја се одбележува како „Ден на ослободување".
На главната церемонија одржана денес во Рим, присуствуваа претседателот на Италија, Серхио Матарела, премиерот Матео Ренци и министерката за одбрана Роберта Пиноти, како и други државни службеници.
Матарела положи венец и во своето обраќање истакна дека сеуште трае времето на отпорот и дека судирите и човечките трагедии можат денес да се видат на границите на Европа, Медитеранот и Блискиот Исток.
„Нашите предци пред 71 година ни оставија мир во наследство. Нашата задача е да го сочуваме тој мир во рамките на ЕУ", изјави Матарела кој се придружи и на церемониите во местото Варало Сесиа, во провинцијата Верчели.