Barış Seçkin
15 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
РИМ (АА) – Во Италија во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 578 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во оваа земја порасна на 21.645, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на Цивилната заштита на Италија, Анџело Борели, на прес-конференција во Рим ги сподели последните податоци во врска со Ковид-19.
Борели рече дека во земјата во моментот има 105.418 активни случаи на коронавирусот, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица, изнесува 165.155.
Тој нагласи дека се излекувани нови 962 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 38.092.
Борели исто така информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 578 лица, со што вкупниот број на починати во земјата е зголемена на 21.645 лица.
Нагласи дека се откриени нови 1.127 случаи. Вчера во Италија имаше 675 новозаразени, а на 13 април бројот на дијагностицирани нови случаи со Ковид-19 беше 1.363.
Борели исто така рече дека продолжува да се намалува бројот на пациенти на интензивна нега, и дека моментално нивниот број изнесува 3.079. Во текот на вчерашниот ден тој број изнесуваше 3.186.
Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО), Раниери Гуера, на заедничката прес-конференција со Борели, во однос на употребата на маски рече: „Советот на СЗО е луѓето што шетаат на улица не треба да носат маска.“
Во меѓувреме, беше наведено дека починале петмина лекари кои во првите редови се бореа против Ковид-19, а бројот на лекари кои го починаа од вирусот од почетокот на епидемијата е зголемен на 121.
Од друга страна, според веста на новинската агенцијата АНСА, тимови на финансиската полиција продолжуваат со истрагата за починатите лица во Домот за стари лица „Пио Алберго Тривулзио“ во Милано. Како резултат на истрагата на Јавното обвинителство во Милано, утврдено е дека од март до сега само во тој дом починале 143 стари лица.