Betül Yürük
09 Октомври 2021•Ажурирај: 10 Октомври 2021
ЊУЈОРК
Во последните 24 часа во САД од последиците на заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19) животот го загубија 2.509 лица, вкупно 712.698 од појавата на епидемијата во земјата, известува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ покажуваат дека бројката на заразени во САД е зголемена за 130.242 и изнесува 44.291.158.
Од почетокот на епидемијата досега во САД животот го загубија 712.698 лица, од кои 2.509 во последните 24 часа.
Центарот за контрола и превенција на болести објави дека досега со една доза се вакцинирани 78 % од возрасното население (216,57 милиони жители), додека повеќе од 67 % ги примиле двете дози од вакцината (186,91 милиони жители).