Yusuf Özcan
11 Април 2021•Ажурирај: 12 Април 2021
ПАРИЗ
Во последните 24 часа во Франција се регистрирани 43.284 случаи на зараза со новиот тип коронавирус (Ковид-19), известува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението што го издаде Француската агенција за јавно здравје, бројката на смртни случаи во земјата предизвикани поради заразеност со новиот тип коронавирус е зголемена на 98.605, од кои 210 починале во последните 24 часа.
Во истиот период бројот на лица кај кои е детектиран коронавирусот изнесува 43.284 заразени, со што вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 изнесува 5.023.785. Во последната недела, просечно на дневно ниво се детектираат 38.301 позитивен на Ковид-19.
Во болниците низ земјата продолжува лекувањето на 30.238 лица, од кои 5.769 се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега. Бројот на лица на одделението за интензивна нега се наоѓа на највисокото ниво од 17 април 2020 година досега.
Според податоците што ги сподели француското Министерство за здравство, бројот на луѓе што ја примиле вакцината против Ковид-19 од 27 декември 2020 година досега се зголеми на 10.745.234, од кои 3.684.788 ја добиле и втората доза.