Ali Cura
14 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија досега се дијагностицирани 528.964 лица позитивни на новиот тип коронавирус, Ковид-19, а бројката на починати се искачи на 6.948 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот Центар за контрола и превенција на коронавирусот соопшти дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани 8.835 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на случаи се зголеми на 528.964.
Во земјата во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 119 лица, а вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 6.948.
Бројот на оздравени лица од Ковид-19 порасна на 280.050, со раст од 5.409 лица во текот на последното деноноќие.
Центарот, исто така, информира дека зголемувањето на бројот на детектирани лица позитивни на вирусот на дневно ниво изнесува 1,7 проценти, при што кај 36,2 отсто од новооткриените случаи не се забележани симптоми.
Во последните 24 часа во Москва, која е центар на епидемијата во Русија, детектирани се 1.477 лица позитивни на тестот за коронавирус, со што вкупниот број на заразени во главниот град се зголеми на 205.905.
Во Москва во последните 24 часа од коронавирусот починаа 50 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 3.281.
Службата за заштита на човековото здравје и правата на потрошувачите во Русија објави дека вкупниот број на тестирања за Ковид-19 во земјата е зголемен на над 14.800.000. Во последните 24 часа направени се 306.000 теста.
Во соопштението исто така се наведува дека 316.000 лица се наоѓаат под надзор.
Првиот случај на Ковид-19 во Русија беше откриен на 31 јануари, а првиот смртен случај е регистриран на 19 март.