Islam Doğru
22 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
ЊУЈОРК (AA) – Во последните 24 часа од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Соединетите Американски Држави (САД) починаа 1.092 лица, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 144.983, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД и понатаму се епицентар на Ковид-19 во светот.
Според податоците објавени на интернет страницата „Worldometer“, во последните 24 часа во САД се детектирани 66.807 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени на 4.030.302.
Земји со најголем број на лица позитивни на коронавирусот по САД се Бразил со 2.166.532 заразени, Индија со 1.201.727 и Русија со 789.190 досега заразени.
Иако се забележува пад на бројката на заразени и смртни случаи на дневно ниво, Њујорк продолжува да е најпогодената сојузна држава во САД од пандемијата на коронавирусот.
Досега во Њујорк се детектирани 435.753 лица позитивни на Ковид-19, од кои 32.602 ја изгубија битката со вирусот.
По Њујорк следат Калифорнија со приближно 410 илјади заразени и Флорида со речиси 360 илјади.
Досега во САД се извршени 49.932.000 тестирања, а оздравеа повеќе од 1.887.000 заразени со Ковид-19.