Islam Doğru
23 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
ЊУЈОРК
Епидемијата на новиот тип коронавирус во САД одзеде 473 животи, а овој вирус е детектиран кај 35.225 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Епидемијата на Ковид-19, што е активна во целиот свет, секојдневно се зголемува и во САД, кои се една од земјите со најголем број заразени во светот.
Според последните податоци што ги објави американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, во САД се детектирани нови 8.478 случаи на заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка изнесува 35.225, додека бројот на починати е зголемен за 133 лица и вкупната бројка изнесува 475.
Според бројката на лица кај кои е детектиран вирусот Ковид-19, САД се трета земја во светот по Кина и Италија.
- Најмногу заразени во Њујорк
Според бројот на заразени на ниво на американските сојузни држави, може да се забележи дека најголем број детектирани случаи има во државата Њујорк.
Во Сојузната Држава Њујорк се детектирани 16.916 случаи на Ковид-19, по што следуваат Вашингтон со 1.996 и Њу Џерси со 1.914 заразени.
Најголем број смртни случаи има во државата Њујорк, вкупно 153. По Њујорк следуваат Вашингтон со 98 и Калифорнија со 33 смртни случаи.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера соопшти дека на должност се повикани припадниците на Националната стража од државите Њујорк, Вашингтон и Калифорнија, кои во време на социјални настани и природни непогоди работат скратено работно време.