Betül Yürük
11 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
ЊУЈОРК
Во изминатите 24 часа од послеици предизвикани од новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во САД починаа 751 лице. Во оваа земја досега се регистрирани 80.807 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД е земја која е најмногу погодена од Ковид-19, а продолжува да биде епицентар на заразата и земја во која се потврдени најголем број смртни случаи.
Податоците на „Worldometer“, интернет страница на која се достапни последните епидемиолошки податоци во светот, се наведува дека во САД во последните 24 часа се детектирани 20.842 лица позитивни на новиот тип на Ковид-19.
Бројот на заразени е зголемен на 1.369.157. Во последните 24 часа од Ковид-19 почина 751 лице, со што вкупниот број на смртни случаи предизвикани од заразеност со овој вирус е зголемен на 80.807.
Од вирусот оздравеа 256.345 лица.
Њујорк е сојузна држава која е најмногу погодена со заразата, а до сега се заразени 345.406 лица, додека починаа 26.812.
Следуваат Њу Џерси со 140.008 заразени и Масачусестс со 77.793 случаи на заразување.
По бројот на заразените, по САД следуваат Шпанија (повеќе од 268.000) и Велика Британија (повеќе од 223.000).