Kasım İleri
16 Март 2020•Ажурирај: 17 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Вакцината против коронавирусот Ковид-19 развиена во Соединетите Американски Држави (САД) денеска за првпат ќе се тестира во американската сојузна држава Вашингтон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на американската новинска агенција АП која се заснова на официјални претставници на Владата на САД, првото тест-вакцинирање, финансирано од Националниот институт за здравство, ќе се спроведе во Институтот за здравствени истражувања „Кајсер Перманенте“ во Сиетл.
Официјалните лица, истакнувајќи дека тестот ќе се примени на 45 здрави волонтери, нагласија дека не постои ризик од пренесување на вирусот кај нив, туку дека само ќе се тестираат несаканите ефекти на вакцината.
Тие исто така забележаа дека развојот на вакцината што треба да се користи кај пациенти кои се заразени од коронавирусот може да трае помеѓу осум месеци и една година.
Додека коронавирусот продолжува да се шири, многу земји вложуваат напори за да развијат вакцина.
Според податоците на Светската здравствена организација, над 156 илјади луѓе низ светот се заразени во епидемијата што започна во градот Вухан, Кина.
Досега од Ковид-19 животот го загубија 5.800 луѓе.