Safiye Karabacak
24 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Саудиска Арабија е регистриран првиот смртен случај од новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Саудиска Арабија, Мохамед ал-Абд ал-Али, на прес-конференција изјави дека Авганистанец кој живеел во земјата починал од коронавирусот.
Ал Али исто така изјави дека со новите 205 регистрирани случаи со Ковид-19, вкупниот број се зголемил на 676.
Со декрет за борбата против Ковид-19 издаден од кралот Селман бин Абдулазиз, соопштено е дека од вчера во земјата се спроведува делумен полциски час што ќе трае 21 ден.
Властите на Саудиска Арабија изјавија дека оние што не ја почитуваат забраната да не излегуваат од дома од 19:00 до 06:00 часот може да бидат казнети со различни парични казни но и на казна затвор.