Burak Dağ
12 Јуни 2021•Ажурирај: 14 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Досега во светот аплицирани се над 2,33 милијарди дози вакцини против коронавирусот, покажуваат најновите податоци на веб-страницата „Our World in Data“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кина е предводник на светско ниво со над 863,51 милион дози, по која следуваат САД со 306,51 милион.
Индија има администрирано 249,60 милиони дози, Бразил 76,76 милиони, Велика Британија 70,25 милиони, Германија 59,04 милиони, Франција 43,20 милиони, Италија 41,31 милион, а Мексико 36,43 милиони дози од вакцините против Ковид-19.
Турција е на 10. место во светот со дадени над 33,05 милиони дози, а потоа следуваат Шпанија, Русија, Индонезија и Канада.
Земја со најмногу администрирани дози според бројот на населението е источноафриканската островска држава Сејшели, со 139,51 доза на 100 жители.
Повеќето вакцини против Ковид-19 се администрираат во две дози, поради што бројот на дадени дози не е ист со бројот на целосно вакцинираните лица.
Според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, од декември 2019 година пандемијата зеде над 3,78 милиони животи во 192 земји и региони во светот, со регистрирани над 175,31 милион случаи.
САД, Индија и Бразил и понатаму се најтешко погодените земји од Ковид-19 во светот.