Barış Seçkin
05 Јули 2021•Ажурирај: 06 Јули 2021
ВАТИКАН
Духовниот водач на католиците и претседател на Ватикан, папата Франциск, е во добра здравствена состојба по вчерашната операција на дебелото црево. Се очекува папата Франциск да остане во болницата околу 7 дена, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Матео Бруни, портпаролот на Ватикан, даде информација за состојбата на папата, кој беше опериран во болницата „Џемели“ во Рим.
Во својата пишана изјава, Бруни наведе: „Папата Франциск е во добра состојба и може сам да дише. Вечерта на 4 јули тој имаше операција на лева хемиколектомија поради дивертикуларна стеноза, што траеше околу 3 часа. Ако нема компликации, се очекува да остане во болницата околу 7 дена.“
Во меѓувреме, италијанскиот премиер Марио Драги на духовниот водач му испрати пораката за „што поскоро оздравување“.
Од друга страна, италијанските и странските медиуми се собрале пред болницата „Џемели“ откако се проширила веста дека папата е опериран.