Emre Aytekin
30 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на заразени со новиот вид коронавирус во светот надмина 6.000.000, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Според веб-страницата „Worldometer“, на која се прикажани податоците за бројот на заразени, починати и оздравени, во светот позитивни на вирусот Ковид-19 се 6.022.002 лица.
Соединетите Американски Држави (САД) сè уште се најтешко погодени од вирусот, со 1.792.537 милиони потврдени случаи.
По САД, најголем број случаи на коронавирусот забележани се во Бразил (466.200), Русија (387.623), Шпанија (285.644), Велика Британија (271.222), Италија (232.248), Франција (186.835), Германија (183.019) и Индија (173.491).
Во Турција регистрирани се вкупно 162.120 случаи на Ковид-19.
Други земји со повеќе од 50.000 потврдени случаи на вирусот Ковид-19 според „Worldometer“ се Перу (148.285), Иран (146.668), Чиле (90.638), Канада (89.390), Кина (82.995), Саудиска Арабија (81.766), Мексико (81.400), Пакистан (64.028), Белгија (58.061) и Катар (52.907).
Коронавирусот за првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, а набргу се прошири во речиси сите земји од светот.
Од Ковид-19 досега во светот починаа вкупно 366.350 лица, а се излекуваа вкупно 2.655.374 лица.