Emre Aytekin
13 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
АНКАРА
Во светот над 1,6 милиони луѓе оздравеа од заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-страницата „Worldometer“ секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на Ковид-19 во земјите од светот. Според последните податоци, во светот од заразеност со новиот тип коронавирус оздравеле 1.602.539 лица.
Земји со најголем број оздравени лица се САД (296.746), Шпанија (180.470), Германија (147.200), Италија (109.39), Иран (88.357) и Кина (78.189).
Во Северна Македонија од Ковид-19 оздравеле 1.205 заболени, додека во Турција оздравеа 98.889 пациенти.
Заразата со новиот тип коронавирус, што за првпат се појави во Кина, за кусо време се рашири во над 200 земји и региони во светот и премина во пандемија.
Во светот вкупниот број на лица кои се позитивни на Ковид-19 изнесува 4.342.849, а досега 292.899 лица ги загубија животите.