Emel Gözellik
20 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
АНКАРА
Во светот од заразувањето со новиот тип на Ковид-19 се излекувани 640.107 лица, покажуваат податоците на интернет страницата „Worldometer“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на страницата, во Кина, земја во која изби заразата, се излекувале 77.084 лица.
Земјите со најмногу излекувани се Германија (91.500), Шпанија (80.587), САД(71.489), Иран (59.273), Италија (48.877) и Франција (36.578).
Со новиот тип на Ковид-19 во светот се заразени 2.442.264 лица, додека од последиците на Ковид-19 починаа 167.893 лица.