Yusuf Özcan
20 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
ПАРИЗ
Бројот на починати од последиците на Ковид-19 во Франција во текот на изминатите 24 часа е зголемен за 547 и сега изнесува 20.265, јавува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на Заводот за здравство при Министерството за здравство на Франција, Жером Саломон за новинарите изјави дека во последните 24 часа бројот на заразени со Ковид-19 е зголемен за 2.832 лица, со што во оваа земја позитивни на тестот на Ковид-19 се вкупно 178.774 лица.
Вкупно 30.584 лица се наоѓаат во болниците на лекување од Ковид-19, од кои 5.683 се на интензивна нега.
Саломон изјави дека во последните 12 дена константно се намалува бројот на лица на интензивна нега.
Тој истакна дека во последните 24 часа бројот на лица кои се излекувале од вирусот се зголемил за 831, со што досега во Франција вкупниот број на излекувани изнесува 37.409.
Според податоците во последните 24 часа, бројот на починатите во Франција е помал во однос на последните четири дена.
Саломон исто така нагласи дека повеќе од 90 отсто од популацијата во Франција не е заразена со Ковид-19.