Nuri Aydın
21 Декември 2020•Ажурирај: 22 Декември 2020
АНКАРА - Бројот на починати во пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се искачи на над 1,7 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на интернет страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот, досега од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 1.700.091 лица, а бројката на лица позитивни на коронавирусот достигна 77.190.949.
Најголем број на смртни случаи во светот до денес има во Соединетите американски држави (САД), каде досега починаа 324.869 заразени.
По САД следат Бразил со 186.773, Индија со 145.483, Мексико со 118.202, Италија со 68.799, Велика Британија со 67.401, Франција со 60.549, Иран со 53.625, Русија со 50.858, Шпанија со 48.926 и Аргентина со 41.813 починати.
Од почетокот на заразата со новиот тип на коронавирус кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан и набргу се прошири низ целиот свет, досега оздравеа 54.106.930 заразени.