Behlül Çetinkaya,Büşra Selvi Öğütcen
17 Ноември 2020•Ажурирај: 18 Ноември 2020
АНКАРА
Бројот на луѓето заразени со новиот вид на коронавирусот (Ковид-19), во светот надмина 55,3 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer" објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според најновите податоци, бројот на случаи на заразување во светот се зголеми на 55.349.954.
Досега во светот починаа 1.332.328 лица од заразување со Ковид-19, додека 38.493.826 оздравија. Бројот на активни случаи моментално е 15.523.800.
Пандемијата најтешко ги погоди Соединетите Американски Држави (САД), каде се заразени 11.538.057 лица.
Според бројот на заразени, по САД, следуваат Индија (8.874.290), Бразил (5.876.740), Франција (1.991.233), Русија (1.948.603), Шпанија (1.521.899), Велика Британија (1.390.681), Аргентина (1.318.384), Италија (1.205.881), Колумбија (1.205.217), Мексико (1.009.396), Перу (938.268), Германија (817.526) и Иран (775.121).