Adam Abu-bashal
17 Ноември 2020•Ажурирај: 18 Ноември 2020
АБУЏА
Во Нигерија 2,5 милиони деца се соочуваат со ризик од неисхранетост, јавува Агенција Анадолија (АА).
Клем Агба, државен министер за буџет и национално планирање на Нигерија, учествуваше на отворањето на „Неделата на исхрана на Нигерија 2020“ организирана во нигерискиот главен град Абуџа.
Тој во свое обраќање нагласи дека покрај напорите на владата во последните години особено во делот на исхраната и доењето на децата, неисхранетоста продолжува да биде проблем во земјата.
Според Aгба, 2,5 милиони деца под 5 годишна возраст во земјата се соочува со неисхранетост.
„Оваа бројка ја прави Нигерија втора земја во светот која има најмногу деца кои се соочува со неисхранетост“, додаде тој.
Агба истакна дека проблемите со храна, исхрана, економија и развој се меѓу грижите на Владата на оваа земја. Тој рече дека Влдата се соочува со тешкотии во формирање платформа која ќе ги насочи партнерите да најдат решение за оваа состојба.