Ekip
09 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
ОВИЕДО
Во Шпанија се потврдени 84 нови случаи на заразување со Ковид-19, што е значителен пораст во однос на 48-те заразени лица од вчера, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вкупниот број на новозаразени во Шпанија достигна 242.000. Во Баскија која е веројатно едно од најголемото жариште на епидемијата во земјата, во една болница се детектирани најмалку 21 лице. Властите сега тестираат стотици лица поврзани со медицинскиот центар за да се запре ширењето на Ковид-19.
Вкупниот број на починати остана 27.136, а Министерството за здравство потврди дека во изминатата недела биле пријавени 50 смртни случаи.
Исто така, шпанската влада ја објави визијата за таканаречената нова нормалност која треба да започне по укинувањето на вонредната состојба на 21 јуни. Регулативата ќе ја донесе парламентот во наредните денови или недели.
Маските, кои во моментот се потребни на јавни места каде не е можно да се гарантира физичко растојание, ќе останат задолжителни. Сите оние што не се придржуваат кон тоа правило ќе бидат санкционирани со казна до 100 евра.
Авиокомпаниите, возовите, автобусите и другите форми на јавен превоз, исто така, ќе треба да се придржуваат кон упатствата за евидентирање на информации за патниците најмалку четири недели, така што властите ќе можат да ги најдат патниците во случај на ширење на вирусот.
Специфични мерки за хигиена за да се спречи ширењето на коронавирусот ќе се применуваат и за компаниите кои мора да обезбедат можност луѓето да се држат на оддалеченост од 1,5 метри.
Различните регионални здравствени системи ќе бидат обврзани да ги тестираат сите сомнителни случаи и да продолжат да ги испраќаат сите податоци до централниот шпански здравствен орган.
Министерот за здравство Салвадор Иља рече дека очекува целата земја да влезе во оваа нова нормалност до 21 јуни.
„Овие правила ќе бидат во сила сѐ додека не добиеме ефективна терапија или вакцина против вирусот“, рече Иља на прес-конференција.