Talha Yavuz
02 Април 2021•Ажурирај: 03 Април 2021
КИЕВ (АА) - Во последните 24 часа во Украина е забележан досега најголемиот број на заразени и смртни случаи од новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Министерството за здравство на Украина, во последните 24 часа регистрирани се 433 смртни случаи поради компликации од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 33.679.
Во последното деноноќие регистрирани се вкупно 19.893 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени се искачи на 1.711.630.
Во земјата во последните 24 часа од Ковид-19 оздравеа 10.287 лица.
Масовната вакцинација во Украина започна на 24 февруари. Во последното деноноќие вакцинирани се 19.097 лица, така што вкупниот број на вакцинирани достигна 267.833.