БОГОТА (АА) - Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка. Повторно регистрирана висока бројка на починати во Бразил, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 3.769 лица во Бразил, 454 во Мексико, 83 во Аргентина, 192 во Колумбија, 153 во Перу, 193 во Чиле, 30 во Еквадор, 44 во Парагвај и 23 лица во Боливија.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 3.769 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 325.284.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 91.097, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 12.839.844.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот и според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 11.239.099 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 454 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 5.381 новозаразен.
Во Мексико досега се регистрирани 203.664 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.244.268, а досега оздравеа 1.777.697 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, според веб-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот, Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 14. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 83 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 55.941. Во истиот период детектирани се 14.430 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.363.251.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.112.266 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 192 лица, со што вкупниот број смртни случаи се искачи на 63.614.
Во последните 24 часа детектирани се 11.449 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 2.417.826. Во оваа земја досега оздравеа 2.292.803 заразени лица со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 153 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 5.908 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени лица се зголеми на 1.561.723, од кои починаа 52.161 лице, а оздравеа над 1.476.782 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле -
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 193 лица од последиците предизвикани од коронавирусот Ковид-19, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 23.328.
Во истиот период регистрирани се нови 7.830 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.003.406, а оздравеа вкупно 936.721 лице претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор -
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 30 смртни случаи, вкупно 16.877 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.633 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 330.388.
Досега во Еквадор оздравеа 281.684 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија -
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 23 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 916.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 273.327, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 12.280. Досега оздравеа 222.924 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај -
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 44 смртни случаи како последица на Ковид-19, а детектирани се 1.611 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 216.278, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 4.250.
Досега оздравеа 177.202 лица позитивни на коронавирусот.
news_share_descriptionsubscription_contact
