Yusuf Özcan
01 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
ПАРИЗ (АА) - Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус, Ковид-19, во Франција се искачи на 29.861 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Институтот за јавно здравје на Франција соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 918 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи во земјата се искачи на 202.070.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 8.336 лица, од кои 528 се наоѓаат на интензивна нега.
Бројот на пациенти на одделите за интензивната нега опаѓа континуирано 84 дена.
Од Ковид-19 се излекувани уште 275 лица, со што вкупната бројка на излекувани лица од овој вирус се искачи на 76.549.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 18 лица, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус се искачи на 29.861.