Yusuf Özcan
27 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
ПАРИЗ
Франција денес забележа пораст на смртност и нови случаи заразени со Ковид-19, соопшти Министерството за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Последните податоци на Министерството за здравство на Франција открија најмалку 437 нови смртни случаи во изминатите 24 часа - 295 во болниците и 142 во старечките домови, што е пораст за 195, на дневна основа, во однос на претходниот ден. Вкупниот број на смртни случаи во болниците до денес се искачи на 14.497, а во старечките домови на 8.796. Во Франција вкупниот број на починати од Ковид-19 изнесува 23.293 лица.
Бројот на хоспитализираните денес опадна и сега изнесува 27.954, што е значаен пад од 263 пациенти во однос на претходниот ден. Бројот на лица на интензивна нега е 4.526, што се намалува за 156 пациенти.
Рестриктивните мерки со цел спречување на ширењето на Ковид-19 во Франција остануваат на сила до 11 мај, по кое постепено ќе се отвораат училиштата, а потоа кафулињата, рестораните и баровите.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во околу 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот на заразата кон Европа и САД.
Пандемијата во светот досега зеде над 210.000 животи, бројот на дијагностицирани случаи со вирусот изнесува надмина 3 милиони, додека над 915.000 заболени оздравеа, покажуваат податоците објавени на интернет страницата „Worldometer“.