Yusuf Özcan
28 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
ПАРИЗ
Бројот на починати од последиците на Ковид-19 достигна 30.209, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Заводот за јавно здравје е наведено дека во изминатите 24 часа бројот на починати од Ковид-19 е зголемен за 514, на 212.616.
Во истиот период, во болниците од последиците на Ковид-19 починаа 17 лица. Вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата е зголемен на 30.209.
Во Франција на лекување во болниците се наоѓаат 5.655 лица, вклучувајќи 398 на одделите за интензивна нега. Од почетокот на пандемијата оздравени се 81.082 пациенти.
Неделно се прават околу половина милион тестирања.