Şenhan Bolelli
15 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
МАДРИД
Во Шпанија во последните 24 часа од пандемијата на Ковид-19 починаа 523 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи се искачи на 18.579, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија ги ажурираше податоците поврзани со пандемијата на Ковид-19. Бројот на смртни случаи, кој вчера достигна бројка од 567 лица, во последните 24 часа е намален и изнесува 523.
Шпанија, која се обидува да ја стави под контрола бројката на починати и заразени во земјата, ја продолжува својата борба со коронавирусот во втората фаза, што се прикажува како „процес на движење по надолната линија од пикот на починати и заразени“.
Во последните 24 часа се детектирани 5.092 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени изнесува 177.633. Денешната бројка на новорегистрирани заразени претставува најголем раст во последните недели.
Бројот на излекувани од Ковид-19 е зголемен за 3.349 и достигна 70.853, додека во последните 24 часа во Шпанија животот го загубија 523 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 18.579.
- Во автономната област Каталонија починаа 3.756 лица
Автономната област Мадрид е подрачје најпогодено од пандемијата на Ковид-19. Во последните 24 часа починаа 156 лица, а вкупниот број на смртни случаи се искачи на 6.724. Во градот Мадрид за 24 часа се детектирани 1.478 новозаразени, достигнувајќи бројка од вкупно 49.526 заразени.
По Мадрид најголем број смртни случаи има во автономната област Каталонија, со вкупно 3.756 лица, додека бројот на лица кај кои е детектиран новиот тип коронавирус достигна 36.505.
- Остри критики од опозицијата
На седницата во шпанскиот Парламент, претставниците на опозицијата упатија прашања до премиерот и министрите во врска со дневната агенда.
На седницата што за првпат се одржува по 26 февруари поради пандемијата на Ковид-19, пратениците на опозицијата остро ја критикуваа левоориентираната коалициска Влада за нејзиното „лошо раководење“, поради здравствената и економската криза во земјата.
Парламентарните портпароли на десноориентираната главна опозициска „Народна партија“, и екстремно десноориентираната партија „Вокс“ ја обвинија Владата дека во врска со смртноста поврзана со Ковид-19 „ги крие вистинските бројки и дека преземајќи доцна превентивни мерки, економијата ја влече кон бездна“.
Премиерот Педро Санчез наспроти обвинувањата од страна на опозицијата упати повик за „компромис со цел реструктуирање на националниот социјален и економски план“.
Санчез истакна дека Шпанија со 20.000 тестови дневно е една од земјите во светот со најголем број тестирања на дневно ниво. Тој сооошти дека ја поддржува одлуката од понеделник на ниво на целата земја повторно да почнат со работа некои деловни активности.
Премиерот Санчез истакна дека е валидно ветувањето што го даде во јануари при формирањето на коалициската Влада дека од поголемите компании ќе се наплаќа поголем данок, посочувајќи дека „никого нема да заборават“, ветувајќи помош за семејствата и компаниите што се најмногу погодени од пандемијата на Ковид-19.