Erdoğan Çağatay Zontur,Gökhan Ergöçün
24 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
АНКАРА (АА) - МУХАМЕД ЕМИН ХОРУЗ -
Возењето велосипед им помага на луѓето да одржуваат растојание едни од други додека патуваат во период на пандемијата на новиот вид коронавирус, а исто така придонесува за здравјето на велосипедистот.
„Велосипедистите може себеси да се заштитат од интеракција во текот на патувањето и на тој начин да придонесат за своето здравје“, истакна Есат Еманет, челникот на турската Асоцијација на велосипедската индустрија (BISED), за Агенција Анадолија (АА).
Еманет нагласи дека со возењето велосипед се одржува меѓусебното растојание од останатите, како и дополнителните хигиенски мерки, за кои рече дека се клучни во спречувањето на ширењето на Ковид-19.
„Јавниот превоз можеби е едно од местата со најголем ризик. Поради оваа причина, во Њујорк продажбата и користењето велосипеди се зголемија по избувнувањето на епидемијата на Ковид-19. Истите едноставни практики може да се видат и во Турција“, додаде тој.
Еманет предупреди дека во јавниот превоз се оневозможува доследно почитување на мерката држење одредено растојание од останатите.
Вирусот за првпат се појави во Вухан, Кина, минатиот декември, и се прошири во најмалку 168 земји и територии, поради што Светската здравствена организација (СЗО) прогласи пандемија.
Според податоците од американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, во светот има над 383.000 потврдени случаи на Ковид-19, а бројот на починати надмина 16.500. Излекувани се над 101.800 лица.