Alma Dekovic
09 Август 2021•Ажурирај: 10 Август 2021
ВУХАН
Властите во Вухан соопштија дека тестирале повеќе од 11 милиони свои граѓани, поради појавата на новите случаи на коронавирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Масовното тестирање започна минатиот четврток, а на вакцинирање е подложено речиси целото население, освен децата помали од шест години и учениците кои се на летен распуст, изјави официјалниот претставник на Владата, Ли Тао, на прес-конференцијата, пренесе државната новинска агенција „Синхуа“.
До саботата во Вухан беа потврдени 37 нови случаи на коронавирусот локално пренесени, во саботата тој број е зголемен на 96, додека во неделата бројот на новозаразени изнесуваше 125.
Локалните официјални претставници соопштија дека на почетокот на минатата недела биле забележани седум локални случаи во Вухан, што се први случаи од јуни 2020 година.
Во тој кинески град започна пандемијата на коронавирусот.