Oktaj Omeragikj
09 Август 2021•Ажурирај: 10 Август 2021
СКОПЈЕ
Според интернет-страницата „Worldometers“, што секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број заразени во светот. Во оваа земја детектирани се 36.543.338 случаи на заразување со Ковид-19, известува Агенција Анадолија (АА).
Земји во светот во кои бројката на заразени со Ковид-19 изнесува над 1 милион се: Индија со 31.969.954 заразени, Бразил со 20.165.672, Русија со 6.469.910, Франција со 6.305.158, Велика Британија со 6.069.362, Турција со 5.918.540, Аргентина со 5.018.895, Колумбија со 4.838.984, Шпанија со 4.588.132, Италија со 4.396.417, Иран со 4.158.729, Германија со 3.797.836, Индонезија со 3.666.031, Мексико со 2.971.817, Полска со 2.884.162, Јужноафриканската Република со 2.533.466, Украина со 2.259.451, Перу со 2.125.345, Холандија со 1.885.805, Ирак со 1.712.709, Чешка со 1.675.010, Филипини со 1.667.714, Чиле со 1.623.363, Канада со 1.438.743, Бангладеш со 1.353.695, Малезија со 1.262.540, Белгија со 1.136.726, Шведска со 1.104.538, Романија со 1.084.919, Пакистан со 1.071.620 и Јапонија со 1.031.296 заразени.
Во исто време, САД се и земја со најголем број смртни случаи предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус во светот. Ковид-19 е причина за смртта на 633.116 лица во Соединетите Американски Држави.
Земји во светот во кои од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубиле над 50.000 луѓе се Бразил со 563.470 починати, Индија со 428.339, Мексико со 244.420, Перу со 196.950, Русија со 165.650, Велика Британија со 130.320, Италија со 128.220, Колумбија со 122.458, Франција со 112.220, Аргентина со 107.459, Индонезија со 107.096, Иран со 94.015, Германија со 92.281, Шпанија со 82.006, Полска со 75.285, Јужноафриканската Република со 74.813, Украина со 53.100 и Турција со 52.196 починати.
Досега од заразеност со Ковид-19 оздравеа 182.815.159 лица позитивни на вирусот.
Во моментов во светот има 16.385.214 активни случаи на заразеност со Ковид-19, од кои 98.514 заразени се наоѓаат во критична здравствена состојба.