Ekip
31 Јули 2020•Ажурирај: 31 Јули 2020
АТИНА
Грција денеска забележа 65 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), што е нагло зголемување од 4 мај, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Седумнаесет пациенти се идентификувани на пријавите на аеродромите и на другите гранични премини, соопштија здравствените служби.
Вкупната бројка на смртните случаи во четврток не е сменета, и понатаму изнесува 203, додека бројот на случаи на Ковид-19 изнесува 4.401 од кои 1.250 се однесуваат на странските патувања, соопшти Националната организација за јавното здравство (EODY).
Премиерот Кирјакос Мицотакис на виртуелниот состанок на научниците им порача дека „доколку проценат дека треба да кренат бунт поради некои мерки кои треба да се преземат, да не се двоумат тоа да го направат".
Фокусот на состанокот беше на потребата од зголемени проверки и инспекции во јавните превозни средства и забавни места.
Грчките власти во вторникот најавија проширување на мерките за обврзувачко носење на маските за лице.