Mümin Altaş
31 Јули 2020•Ажурирај: 31 Јули 2020
АНКАРА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со катарскиот емир Шејх Темим бин Ахмед Ал Тани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Во ова соопштение се вели дека Ердоган и Ал Тани меѓусебно упатија честитки по повод престојниот муслимански празник Курбан Бајрам.