Betül Yürük
29 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
ЊУЈОРК
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш порача дека пандемијата на Ковид-19 би требало да биде искористена за создавање на подобар свет, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гутереш на меѓународниот состанок за климатските промени преку видео-линк изјави дека Ковид-19 и климатските промени се две паралелни закани за светот.
Тој изјави дека за двете работи е потребна „храбра и визионерска соработка“ и додаде дека доцните чекори во борбата против климатските промени би можеле да чинат многу животи, работни места и да предизвика последици врз економијата.
„Стакленичките гасови се како коронавирус, не познаваат граници... Поминуваме низ мрачни денови, но надежта сѐ уште постои. Пред нас на кратко е отворен необичниот прозорез на можности да создадеме подобар свет за нас. Да ја искористиме борбата против пандемијата за создавање на свет кој би можел да биде побезбеден, поздрав и посеопфатен за сите нас“, заклучи Гутереш.