Şerife Çetin
11 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) предупреди дека сите земји членки треба да го зголемат нивото на подготвеност за можен втор бран на новиот вид коронавирус, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Портпаролот на Европската комисија, Штефан де Керсмакер, истакна дека постои координација меѓу земјите членки во врска со борбата против Ковид-19.
Наведувајќи дека и подготвителните мерки постојано се преиспитуваат, Керсмакер нагласи дека е важно да се информираат граѓаните за евентуален втор бран на Ковид-19.
Керсмакер потсети дека Европскиот центар за превенција и контрола на заразни болести (ECDC) повика на претпазливост и подготвеност за вториот бран на ширење на коронавирусот.
Портпаролот смета дека комуникацијата во врска со ризиците треба да биде јасна и предупреди дека дури иако процесот при првиот бран на Ковид-19 е добро спроведен, може да дојде и до втор бран.