Yusuf Hatip
07 Април 2020•Ажурирај: 08 Април 2020
БРИСЕЛ (АА) - Јанез Ленарчиќ, член на Комисијата за управување со кризи на Европската Унија (ЕУ), соопшти дека одговорот на земјите од Европската Унија (ЕУ) на барањето на Италија за поддршка во борбата против новиот вид коронавирус, Ковид-19, на почетокот била недоволна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференцијата одржана во Брисел, Ленарчиќ рече дека тим од романски и норвешки медицински сестри и доктори од страна на Европската Унија (ЕУ) бил испратен во градовите Милано и Бергамо, најпогодените градови од Ковид-19 во Италија.
„Одговорот на земјите од ЕУ на барањето на Италија за поддршка на почетокот беше недоволен“, рече Ленарчиќ, додавајќи дека Италија сега не е сама.
Наведувајќи дека е активиран и сателитскиот систем „Коперникус“ на ЕУ, Ленарчиќ рече дека на тој начин здравствените установи и јавните места во Италија можат да бидат мапирани за време на вонредната состојба поради Ковид-19.