Ekipa
07 Април 2020•Ажурирај: 07 Април 2020
БАГДАД (АА) - Војската на Соединетите Американски Држави (САД) се повлече од уште една база во Ирак, во која беа стационирани меѓународните коалициски сили формирани од САД во 2014 година за борба против терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (AA).
Неименуван воен претставник соопшти дека американската војска им ја предала базата во Абу Граиб на ирачките вооружени сили.
Станува збор за база сместена западно од центарот на Багдад, во непосредна близина на озлогласениот затвор „Абу Граиб“.
Изворот рече дека тоа е шеста база што проамериканските коалициски сили ја напуштиле и ја предале на војската.
Американската војска тврди дека редуцирањето на нејзиното воено присуство во Ирак е резултат на мерките за борба против коронавирусот, но и поради заканите и можен напад на проиранските сили.