Şeyma Uzundere
21 Април 2022•Ажурирај: 22 Април 2022
АНКАРА (АА) - Шпански истражувачи соопштија дека една здравствена работничка се заразила со Ковид-19 двапати во 20 дена, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), истражувачите откриле дека 31-годишната здравствена работничка со варијантата Делта на вирусот се заразила во декември, а со варијантата Омикрон во јануари.
Се наведува дека пациентката кога првпат се заразила, немала никакви симптоми, но вториот пат, покажала симптоми како што се кашлица и треска.
На Европскиот конгрес за клиничка микробиологија и заразни болести, авторката на студијата, д-р Хема Ресио, рече дека откриле дека здравствената работничка повторно е заразена во рок од три недели, што покажува дека варијантата Омикрон може да го избегне имунитетот кој претходно е добиен преку вакцини и природна инфекција.
Ресио, исто така, нагласи дека претходно заразените можат повторно да се заразат за само 20 дена, дури и да се вакцинирани.
Од друга страна, научниците истакнаа дека имунитетот од вакцини и претходни инфекции обезбедува делумна заштита од хоспитализација во случаите на Омикрон.
Варијантата Омикрон на Ковид-19 се појави во декември минатата година, предизвикувајќи рапидно зголемување на бројот на случаи.