Ekip
03 Јули 2020•Ажурирај: 04 Јули 2020
АКРА
Заменик министерот за трговија и индустрија на Гана поднесе оставка откако признал дека го прекршил протоколот во врска со Ковид-19 со посета на јавно место додека бил позитивен на коронавирус, пред воопшто и да смее да излезе од изолација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Претседателот на републиката Нана Адо Данква Акуфо-Адо на 3. јули ја прифати оставката на заменик министерот за трговија и индустрија Карлос Кингсли Ахенкорах. Одлуката веднаш стапува во сила“, објави кабинетот на претседателот на Гана.
Ахенкорах пред оваа одлука на претседателот му признал дека ја прекршил мерката на изолација.
„Одлуката на претседателот следеше откако заменик министерот призна дека ги прекршил протоколите за Ковид-19 додека бил позитивен на вирусот, посетувајќи го регистерскиот центар, пред завршувањето на периодот на самоизолација“, се вели во соопшението на кабинетот на претседателот.
Во Гана од почетокот на пандемијата досега потврдени се 18.134 случаи на заразеност со коронавирусот, вклучувајќи и 117 смртни случаи.