Ferdi Türkten
05 Март 2020•Ажурирај: 05 Март 2020
МОСКВА (АА) – Заврши билатералната средба помеѓу претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Средбата помеѓу Ердоган и Путин во палатата Кремљ траеше два и пол часа.
Се премина на разговори меѓу делегациите предводени од двајцата лидери.
Турскиот претседател Ердоган на средбата со рускиот претседател Путин изјави: „Одлуките што ги носиме овде ќе ја растеретат нашата земја и регионот."
Путин во кратката изјава пред состанокот рече дека даваат големо значење на односите помеѓу Турција и Русија.
„Изразувам сочувство за турските војници кои загинаа во Сирија. Губењето на животи секогаш е голема трагедија. За жал, никој, вклучително и сириските воени власти, не знаеја каде се наоѓаат турските војници“, изјави Путин.
Наведувајќи дека сириската армија исто така претрпела загуби истиот ден, Путин рече: „Сириската армија навистина има големи загуби. Затоа, пожелно е да ги продолжиме преговорите за да не се повтори овој настан и за да не им наштети на турско-руските односи.“