Cüneyt Karadağ
07 Јануари 2022•Ажурирај: 10 Јануари 2022
БЕРЛИН
Ноќните клубови кои беа затворени поради Ковид-19 во Берлин, главниот град на Германија, привремено ќе бидат претворени во центри за вакцинација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Секој што онлајн ќе закаже термин за вакцинација во ноќните клубови кои веќе една недела се претворени во центри за вакцинација, ќе може да се вакцинира против Ковид-19.
Се забележува дека има голем интерес за клубовите каде што се администрираат вакцините на „Фајзер“/„БајоНТех“ и „Модерна“.
Бројот на целосно вакцинирани лица во Германија достигна 59,6 милиони (или 71,6 отсто од населението), додека бројот на оние кои примиле вакцина за засилување достигна 34,6 милиони.