Ekipa
21 Јуни 2021•Ажурирај: 23 Јуни 2021
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во Индија во текот на изминатиот ден пријавени се 53.256 нови случаи на Ковид-19, најниска бројка во последните 88 дена, соопшти денес индиското Министерство за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со новите бројки, вкупниот број на случаи достигна речиси 30 милиони.
Бројот на смртни случаи како последица на вирусот изнесува вкупно 388.135, со 1.422 нови смртни случаи пријавени во последни 24 часа, што претставува најниска бројка во последните 65 дена.
Вкупно 78.190 пациенти ја добија битката против вирусот во текот на изминатиот ден.
Според Индискиот совет за медицински истражувања (ICMR), досега се спроведени речиси 400 милиони тестирања за Ковид-19.
Владата од денес започна децентрализирана политика за вакцинирање според која на државите ќе им се даваат бесплатни дози. Претходно, државите мораа да ѝ плаќаат на централната Влада за набавките.