Muhammet Kurşun
20 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран бројот на починати како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 14.405, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 217 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран порасна на 14.405.
Таа информира дека во земјата дијагностицирани се уште 2.414 случаи на овој вирус, со што вкупната бројка на откриени случаи во земјата се зголеми на 276.202.
Според Лари, 3.529 од случаите се наоѓаат во тешка состојба, додека во земјата излекувани се вкупно 240.087 лица.
Лари нагласи дека во Иран досега направени се 2.175.217 тестирања за Ковид-19.