Muhammet İkbal Arslan
20 Јули 2020•Ажурирај: 21 Јули 2020
ЛЕФКОЗИЈА (АА) - Активностите за одбележувањето на 46-годишнината од мировната операција на Турција во Кипар започнаа со поставување на венец на споменикот на Ататурк од страна на претседателот на Турската Република Северен Кипар, Мустафа Акинџи, и потпретседателот на Турција, Фуат Октај, јавува Агенција Анадолија (АА).
По едноминутниот молк, интонирањето на националните химни на двете земји и подигнувањето на знамињата, претседателот на Турската Република Северен Кипар се потпиша во Книгата на сеќавања.
„Почитуван Ататурк, на 46-годишнината од Денот на мирот и слободата, на 20 јули повторно Ве споменуваме со чест. Како луѓе што ги прифатија вашите принципи и револуции уште од првиот ден и без каква било принуда, кипарските Турци со својот секуларен и демократски идентитет го продолжува својот пат. Преку науката се стреми да стигне до својата цел, а тоа е современата цивилизација. Во овој период од една страна ја продолжува борбата во областа на здравството, од друга страна пак ја продолжуваме борбата во економијата. Покрај тоа, продолжуваме со напорите да обезбедиме траен мир на нашиот остров, потсетувајќи се на вашиот принцип „Мир во земјата, мир во светот““, напиша Акинџи.
Потпретседателот на Турција, Фуат Октај, исто така, се потпиша Книгата на сеќавања.
„Почитуван Ататурк, денес ја одбележуваме 46-годишнината од Мировната операција кога кипарските Турци, рамо до рамо со војниците херои на турската Армија докажаа дека никогаш нема да се откажат од својата независност и иднина. Турција која е гарант за мирот и стабилноста во регионот, со кипарските Турци има историски и национални врски. Кипарските Турци, како и досега така и понатаму, ќе ја имаат поддршката на Република Турција и турскиот народ, секогаш кога ќе им биде потребно. Оваа наша посветеност ја повторуваме уште еднаш и Ве споменуваме со почит.“
За време на свеченоста, во рамки на преземените мерки за заштита од Ковид-19 присутните носеа маски и се почитуваше социјалното дистанцирање.
Секој 20 јули во Турската Република Северен Кипар се одбележува како Ден на мирот и слободата во знак на сеќавање на мировната операција на Туција во Кипар.
Кипар е поделен од 1974 година, кога кипарските Грци, кои извршија државен удар, покренаа бран насилства против кипарските Турци, што предизвика реакција од Анкара, која оттогаш е гарант на мирот.
Најновиот обид да се обедини островот во Средоземното Море, кој со години е поделен, заврши неуспешно во 2017 година, по две години преговори.