Gökhan Ergöçün
30 Март 2020•Ажурирај: 31 Март 2020
ИСТАНБУЛ
Турската метропола Истанбул ги суспендиранише поморските патнички услуги до другите турски градови како последица на епидемијата на коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
Суспензијата на поморските патнички услуги, во кои не спаѓа карго транспортот, започна во 17.00 часот по локално време.
Истанбул нуди поморски патнички услуги во околните градови како Јалова, Бурса и Баликешир во регионот Мармара.
Турцијa веќе ги има суспендирано домашните автобуски услуги и летови за да се спречи ширењето на вирусот.
Во Турција до сега се потрвдени 10.827 случаи на заразување, а починаа 168 лица од последици предизвикани од новиот тип на коронавирусот.