Betül Yürük
24 Март 2020•Ажурирај: 26 Март 2020
ЊУЈОРК
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) соопшти дека новиот тип коронавирус на површините може да опстане и до 17 дена, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во новиот извештај на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) се наведува дека траги од вирусот се пронајдени во кабините на крузерите во Јапонија и Калифорнија дури по 17 дена откако патниците ги напуштиле бродовите.
Во извештајот потсетуваат дека претходно се верувало дека вирусот опстанува три дена на површините, а новите откритија покажуваат дека би можел да опстане и пет пати подолго.
Во кабините на крузерите во водите на Јокохама, во Јапонија, пронајдени се траги од вирусот дури по 17 дена откако патниците по истекот на карантинот го напуштиле бродот.
Експертите ги пронашле трагите на крузерите „Дајмонд принцес“ во Јапонија и „Гранд принцес“ во Калифорнија во кабините на патниците кои биле заразени, и кај патниците што покажувале и кај оние што не покажувале симптоми.