Elena Teslova
24 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
МОСКВА
Рускиот претседател, Владимир Путин, денес ги посети пациентите коишто се лекуваат од коронавирус во болницата во Москва, јавува Агенција Анадолија (АА).
Путин изврши обиколка низ објектот, вклучувајќи ги одделенијата, носејќи специјална заштитна облека.
Тој му се заблагодари на главниот лекар во болницата, Денис Протсенко, за тоа како напредуваат работите.
„Можам да забележам како се грижите за сериозно болните пациенти, со тоа што тројца специјализанти се грижат за едно лице одеднаш“, изјави Путин.
„Прекрасно е да се гледаат пациентите чија состојба се подобрува и чиј живот се враќа во нормала. Тие го должат тоа во голема мера на вас. Понекогаш, ова го знам по себеси; само треба да знаете како да ја организирате работата правилно. Вие го направивте тоа. Ова е добар пример за тоа како да се справиме со овој вид работа“, рече Путин.
Протсенко предупреди на подготовка на сценариото од Италија, велејќи дека Москва веќе се движи во таа насока.
„Доколку одеднаш се префрлиме на кинеското или корејското сценарио и ако ова заврши во април или мај, тогаш мислам дека нашите доктори ќе бидат посреќни од кој било. Сепак, јас мислам дека треба да бидеме подготвени да се соочиме со најлошото сценарио“, изјави тој.
По посетата, Путин одржа состанок со неговиот Кабинет, на кој беше донесена одлука низ земјата да се затворат кино-салите, ноќните клубови и кафулињата со наргиле.
Најмалку 495 лица се позитивни на Ковид-19 во Русија, со само 290 случаи во главниот град.